Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека неговата земја е подготвена да продолжи да ги исполнува финансиските обврски кон Западот, но во белоруски рубљи.
Лукашенко: Белоруссия готова выполнять свои финансовые обязательства перед Западом, но в белорусских рублях pic.twitter.com/97J4surE1x
— Газета.Ru (@GazetaRu) October 31, 2022
Во Украина се воведуваат итни прекини на струја по масовниот ракетен напад врз виталната инфраструктура што го извршија утринава руските сили, објави заменик-началникот на Генералштабот на претседателот Кирило Тимошенко.
„Поради масовното гранатирање на виталната инфраструктура, се воведуваат итни прекини на електричната енергија“, напиша Тимошенко на Телеграм.