Ако сега не се формира влада, тоа нема да се случи ни за 10 години вели портпаролот на техничакта бугарска влада

Од:

Ако сега не се формира влада во Бугарија, тоа нема да се случи ни за 10 години. Таков став објави портпаролот на службениот владин Кабинет Антон Кутев,во изјава за бугарската телевизија Нова.

„Во бугарската историја се случило во третиот мандат да не се формира влада. Најважно е луѓето во парламентот да сфатат дека мора да има стабилна влада. Тие што треба да владеат не го прават ова. Тие прават нешто друго. Во парламентарна република, политичкиот систем мора да биде управуван од парламентот. Кога имаме проблем таму, она што се случува е нешто што не сме го виделе 35 години. На претседателот и техничките им се бара да сносат одговорност, а тие треба да бидат само механизам за поддршка“, објасни Кутев.

Според него, во моментов претседателот преку преодната влада, добро или лошо, во голема мера управува со државата.

„Претседателот прави се за да се одложат разговорите, бидејќи партиите не се подготвени“, додаде портпаролот на бугарската техничка влада.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски