Засилено полициско присуство во Благоевград, бугарското ВМРО протестира пред клубот „Никола Вапцаров“

Од:

Во очекување на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоеврад на кое се очекува да пристигнат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на Левица, Димитар Апасиев, во градот има засилено полициско присуство за да се спречат инциденти.

Европратеникот Ангел Џамбаски од бугарското ВМРО, кој постојано излегува во јавноста со историски провокации, за телевизијата Нова рече дека отворањето на овој клуб е тешка провокација организирана од Скопје.

– Тие страшно згрешија додека ги напаѓаа бугарските клубови во Охрид и во Битола. Очекуваат тука да реагираме на истиот начин и да велат еве и во Бугарија има провокации. Но ние протестираме против собир на македонските политичари со сепаратисти во Бугарија. Луѓето кои стојат зад овој клуб велат дека Бугарија е окупатор во Пиринска Македонија, дека Благоевград е македонски – рече Ангел Џамбаски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски

Уставните измени до 10 февруари, да не се прифаќаат дополнтелни барања од Бугарија – Филипче ја објави Резолузијата со црвените линии

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна