Во Сомалија девет лица загинаа во двоен бомбашки напад

Од:

Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, загинаа денеска во двоен напад со автомобил-бомба врз Министерството за образование во Могадишу, објавија извори блиски до сомалиските безбедносни сили. Неименуваниот функционер рече дека се пронајдени девет тела, главно цивили, меѓу кои и жени и деца, и додаде дека неколку десетици луѓе се повредени.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Таквите напади ги извршува исламистичката група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.

Групата е позната по нападите врз сомалиските безбедносни сили, како и врз хотели и други области, најчесто во главниот град.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија