ВИДЕО: Приведен стружанец, организатор на меѓународна криминална група за шверц со наркотици

Од:

Во текот на вчерашниот ден под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во Струга беше спроведена акција во која едно лице е лишено од слобода. Акцијата е резултат на меѓународна соработка со австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија.

Денеска предметниот јавен обвинител постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лицето поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело Злосторничко здружување и кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Осомничениот во временскиот период од почетокот на месец август 2021 година до почетокот на месец септември 2021 година со цел неовластено купување, пуштање во промет и посредување во продажба на наркотична дрога – метиламфетамин и кокаин, создал меѓународна криминална група на која припадници станале петмина австралиски државјани кои дејствувале на територијата на Западна Австралија. Секој член на групата имал своја улога на купување, продажба, посредување во купопродажба, нудење на продажба и пренесување на наркотичната дрога, со цел понатамошна продажба.

Македонскиот државјанин користејќи различни платформи преку енкриптирачки мобилни уреди пристапувал и комуницирал под псевдоними и притоа, во критичниот период, договорил неовластено купување на 10 kg метиламфетамин по цена од 2.400.000 австралиски долари, неовластено посредување на 37 kg метиламфетамин во вкупна вредност од 8.880.000 австралиски долари и 7 kg кокаин по цена од 2.240.000 австралиски долари за вкупната количина кокаин. Купопродажбата и примопредавањето на дрогата се одвивала преку австралиските членови со кои се договарал за местото, времето и начинот на преземање и плаќање на истата.

Австралиските државјани во акција спроведена на 31.8. и 1.9.2021 година на територијата на Австралија од тамошните органи на прогонот, се лишени од слобода и против истите се води кривична постапка пред австралиските надлежни органи. Во изминатиот период доказите обезбедени од австралиските власти преку меѓународна правна помош беа доставени до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Вчерашната акција е резултат на претходно спроведена постапка.

На предлог на обвинителството судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје на осомничениот со Решение му е определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Орце Костов

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски