Шојбле: Членките на ЕУ не треба да бараат пари од партнерите

Од:

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шолбле вчера порача дека во „силна“ Европа секоја држава мора да ја извршува својата должност, а не да бара дополнителни пари од партнерите.

Тој во интервју за американската телевизија „Си ен ен интернешнал“ изјави дека државите не би требало да бараат пари од други, бидејќи тоа е погрешен пат за создавање силна Европа.

Германскиот министер минатата година соопшти дека на Грција од 2014 година ќе и биде потребен нов пакет помош, а Меѓународниот монетарен фонд неодамна процени дека ќе требаат околу 11 милијарди евра помош во 2014 и 2015 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Мерц му фалеа шест гласа, не стана германски канцелар

Катерина Ѓуровски

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц