Mинистерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за непрописно престигнување и обиколување.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет мерки за возење под дејство на алкохол.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.