Дефицит во електроснабдувањето во Киевската област

Од:

Киевската област, вклучувајќи го и самиот главен град на Украина, се соочува со дефицит во производството електрична енергија од 30 отсто по ноќешните руски напади врз енергетската инфраструктура, соопшти денеска регионалниот гувернер, Олексеј Кулеба.

„Синоќа непријателот ги оштети објектите од енергетската инфраструктура на нашиот регион. Голем број објекти од клучно значење се онеспособени“, рече Кулеба во видео-порака објавена преку Телеграм.

Воената администрација на регионот Киев предупреди дека областа мора да биде подготвена на „прекини на електрична енергија на неодреден период“ поради руските напади.

Украинската државна компанија „Укренерго” претходно денеска соопшти дека руските сили во текот на ноќта ја погодиле електродистрибутивната мрежа во централните региони на Украина и дека се можни дополнителни енергетски ограничувања.

Агенциите објавуваат дека Русија последните недели ги засилила нападите врз клучната инфраструктура на Украина, вклучувајќи ја и мрежата за дистрибуција на електрична енергија, оставајќи неколку милиони луѓе без струја и греење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Три европски земји ги затвораат своите амбасади во Киев

Украина „психолошки“ се подготвува за преговори со Русија

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди станбена зграда во Киев и предизвика пожар на првите катови

Зеленски: Берлин не го поддржува членството на Киев во НАТО