Министерството за одбрана на Украина објави видео за кое тврди дека покажува подигнување на украинското знаме во ослободеното село Невски во источниот регион Луганск.
Акцијата за ослободување на селото ја изведоа специјалните сили на украинската армија, соопшти Министерството за одбрана.
„Чекор по чекор го ослободуваме регионот Луганск“, се вели во објавата.
Оваа информација не е независно потврдена.