Белата куќа соопшти денеска дека режимот на претседателот Башар Асад губи контрола во Сирија. Изјавата беше дадена откако во напад загинаа неколкумина високи претставници на режимот.
„Очигледно режимот на Асад губи контрола во Сирија“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Томи Вајетер.
„Многумина се Сиријците, кои во минатото го поддржуваа режимот, но сега за нив Асад е проблемот, а не решението. Финансиските тешкотии на режимот на Асад продолжуваат. Тој губи контрола. За Сиријците и за меѓународната заедница е време да помислат што ќе се случи по тој режим“, истакна Вајетер.
„Ние работиме засилено со нашите меѓународни партнери, за да постигнеме согласност за политичка транзиција во Сирија. Колку побрзо се изврши тоа, толку повеќе шанси же имаме да спречиме крвава граѓанска војна“, истакна тој.