Папата Франциск ги предупреди свештениците и калуѓерките за опасностите од гледањето порнографија на интернет, велејќи дека тоа „го ослабува свештеничкото срце“.
Тој ги повика да ги користат социјалните мрежи „за личен развој и комуникација“, истовремено предупредувајќи ги на опасностите од дигиталната порнографија, пишува The Guardian.
Порнографијата, рече тој, е „порок што го имаат толку многу луѓе… дури и свештеници и калуѓерки“.
„Оттаму доаѓа ѓаволот. И не зборувам само за порнографија како онаа на злоупотреба на деца, која е монструозна. Tуку и за „нормалнa“ порнографија. Драги браќа, внимавајте на тоа“, рече папата Фрациск.