Направени се 649 тестови, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (37), регистрирани се 11 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.181.271 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.964, бројот на оздравени пациенти е 334.162, на починати е 9.561, а бројот на активни случаи изнесува 241.