Со лажни документи побарала и добила кредит од банка

Од:

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.О.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина” по член 380 и „измама при добивање кредит”.

Пријавената, со намера лажно да прикаже дека е кредитоспособна, при аплицирање за одобрување потрошувачки кредит во една банка приложила лажна потврда за вработување и лични примања, наводно издаден од јавна здравствена установа од Скопје.

На тој начин ги довела во заблуда одговорните лица во банката да и одобрат ненаменски потрошувачки кредит во износ од 600.000 денари.

Би можело да ве интересира

Втора измама за биткоини во Куманово за само една недела

Измамник од Тетово зел автомобил од познаник и го продал

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Скопјанец му дал 50.000 денари на лице кое лажно се претставило дека работи во МВР

Измамник не платил за нарачаниот градежен материјал

Тетовчанец со лажни документи го прогласиле за починат и му го зеле имотот