Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ ќе раководи со работата на Министерството за надворешни работи, додека министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ е назначен за шеф на Министерството за одбрана на Црна Гора, соопшти денеска кабинетот на Абазовиќ.
Според соопштението, Абазовиќ ги донел одлуките за именување на шефови на министерствата за одбрана и за надворешни работи согласно Законот за државна управа.
Поранешните министри за одбрана и за надворешни работи Рашко Коњевиќ и Ранко Кривокапиќ беа разрешени од функцијата на 21 октомври во Собранието.
Извор: МИА