Министерот Никола Тупанчески верува дека ќе има завршница за претепувањето на Бојан Јовановски-Боки 13 во затворот „Идризово“. Тој вели дека нападот се истражува. Не се знае дали има нарачатели, а Управа за извршување санкции, не откри ниту која е причината за нападот.
„Значи апсолутно треба да се постапи во однос на настаните што пред некој ден што се случија во „Идризово”. Верувам дека ќе имаме завршница и доколку има елементи за кривично дело ќе постапи Јавното обвинителство, одговори Тупанчески.
Се испитува и дали има пропусти кај затворската управа.
„Кога велам Обвинителството и полицијата односно надлежните органи до колку се утврди каква било одговорност зборувам и за припадниците на КПД Идризово, и во однос на другите сите субјекти коишто се инволвирани би требало да има одговорност. Дали ќе биде дисциплинска, кривична, да го оставиме тоа на органите коишто се надлежни и за постапување“, кажа министерот.
Бојан Јовановски-Боки 13 беше претепан во дворот на затворот од две лица. Имал видливи повреди, а семејството за „А1он“ сведочеше за неговата состојба.