Тропска бура во Бенгалскиот залив што се движи кон Бангладеш ги принуди локалните власти да планираат евакуација на стотици илјади жители на крајбрежјето, соопштија денеска властите.
– Подготвивме засолништа за циклонот за да сместиме околу 2,5 милиони луѓе во 15 крајбрежни области, рече во Дака Енамур Рахман, државен министер за помош и управување со катастрофи.
Повеќе од 70.000 волонтери работат на преместување на жителите во импровизирани засолништа.
Тропската бура најверојатно ќе удри во копното денеска подоцна.
Канцеларијата за метеорологија во Дака соопшти дека циклонот, со кодно име Ситранг, бил оддалечен само 300 километри од југозападното пристаниште Монгла во Бангладеш. Може да се движи кон брегот на Бангладеш со брзина на ветер меѓу 75 и 88 километри на час, според временскиот билтен.
Управата за цивилно воздухопловство на Бангладеш (CAAB) нареди прекин на летовите на три аеродроми до утре.
Како одговор на мерките за подготвеност за циклони низ целата земја, Управата за внатрешен воден транспорт на Бангладеш ја запре работата со патници на сите речни правци.
Извор: МИА