Новaтa италијанскa премиерка Џорџа Мелони изјави дека е подготвена да соработува со НАТО.
„Подготвени да работиме со НАТО, тоа е повеќе од воен сојуз, бастион на заеднички вредности за кои никогаш нема да престанеме да се залагаме“, напиша Мелони на Твитер како одговор на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој и го честиташе изборот за премиер.
Покрај соработката со Алијансата, таа во својот одговор до американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „САД и сите нејзини партнери во НАТО можат да сметаат на Италија дека најдобро ќе го поддржи храбриот народ на Украина и ќе го спроведе нивното стратешко партнерство“.
Мелони вчера положи заклетва како нов премиер на Италија, со што стана првата жена премиер на таа земја.