Американскиот безбедносен и одбранбен тинк-тенк Институт за проучување на војната (ИСВ) објави нов извештај за ситуацијата во Украина, каде Русија во последните недели жестоко ја напаѓаат инфраструктурата на земјата.
Во извештајот се наведува дека „рускиот бран напади врз украинската енергетска инфраструктура создава хуманитарна трагедија, но не ја менува значително ситуацијата на фронтот“. Се додава дека „руските изговори за вакви напади стануваат се попразни“.
Целта на ваквите напади, според ИСВ, е да се принуди Украина да инвестира се повеќе воени ресурси во обезбедување на инфраструктурата наместо во контраофанзиви. Прекините на електричната енергија, студеното време и оштетувањата на зградите најверојатно ќе ги дополнат страдањата на украинските цивили со претстојната зима, наведува ИСВ.