Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, на својот официјален профил на Твитер објави статус во кој најостро ги осудува постапките на рускиот претседател Владимир Путин и однесувањето на руската армија на бојното поле во Украина.
Амбасадорот со своите следбеници сподели потресен текст од Њујорк тајмс, кој содржи исповеди на луѓе кои го преживеале ужасот на окупацијата.
Another day, another horrifically credible account of Russian atrocities in illegally occupied Ukrainian territory. This is Putin’s vision for a Europe under Russian domination–where torture, executions, and rape are standard operating procedure. https://t.co/tQsmNKckqr
— Ambassador Christopher R. Hill (@usambserbia) October 21, 2022
– Уште еден ден, уште еден ужасно веродостоен приказ на руските ѕверства на незаконски окупирана украинска територија. Ова е визијата на Путин за Европа под руска доминација – каде тортурата, егзекуциите и силувањето се стандардна оперативна процедура – напиша Кристофер Хил во својот статус на Твитер.