Бајден загрижен за Украина доколку републиканците победат на изборите

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека е загрижен за идната американска помош за Украина, доколку републиканците ја преземат контролата врз еден или двата дома на американскиот Конгрес на изборите на 8 ноември.

– Загрижен сум – им рекол Бајден на новинарите, одговарајќи на прашањето како обезбедувањето помош за Украина ќе се одрази со можната победа на републиканците, пренесува Ројтерс.

Бајден беше во Питсбург како дел од кампањата за демократот Џон Фетерман.

Водачот на републиканците во Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти, во последните денови изјави дека „не би бил подготвен да потпише бланко чек“ за помош за Украина доколку републиканците ја преземат контролата над Претставничкиот дом.

Во САД на 8 ноември ќе се одржат избори за сите 435 места во Претставничкиот дом и 35 од 100 места во американскиот Сенат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски