Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган разговараше со новинарите во авионот кој се враќаше од патување во Азербејџан и посочи дека рускиот претседател од неодамна е поподготвен за мировни преговори отколку порано.
Велејќи дека останува со надеж дека може да се постигне мировен договор, Ердоган рече: „Видов дека Путин е многу помек и поподготвен да преговара на оваа тема отколку порано“.