Министерот за надворешни работи на Сирија, Валид Муалем истакна дека неговата држава ќе се брани со оружје кое што ќе го изненади светот, доколку ги нападне Западот.
Во изјавата по повод можни воени интервенции против Сирија, поради тоа што нејзината власт наводно минатата недела употреби хемиско оружје против бунтовниците, Муалем повтори дека употребата на хемиското оружје е алиби.
Министерот додаде дека тврдењето за хемискиот напад воопшто не е точно и ги повика сите страни да ги покажат доказите.
-Погрешнот мислат, доколку се надеваат дека на тој начин може да ја спречат победата на нашата вооружена сила-изјави тој и оцени дека од воена интеревенција корист ќе имаат само Израел и Ал Каеда.
Елена Георгиевска