Руски борбен авион случајно истрелал проектил по интеракција со авион на британските воздухопловни сили (РАФ) над Црното Море, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас.
Валас додаде дека Русија изјавила дека проектилот бил истрелан поради техничка неисправност.
Инцидентот се случи на 29 септември кога авион на РАФ, кој бил во рутинска патрола имал интеракција со два руски борбени авиони.
Секретарот за одбрана на Велика Британија рече дека „ја пренел загриженоста“ на својот руски колега за „потенцијално опасниот инцидент“.
Валас рече дека „Русија признала дека интеракцијата се случила во меѓународниот воздушен простор“, додавајќи дека Обединетото Кралство не го смета инцидентот за „намерна ескалација“ и изрази уверување дека „анализата ќе потврди дека се работи за дефект“.