Волас: Велика Британија размислува за испраќање дополнителни противбродски проектили во Украина

Од:

Велика Британија размислува да испрати дополнителни противбродски ракети во Украина, покрај оружјето што веќе го вети, изјави денеска во Осло британскиот министер за одбрана, Бен Валас.

Британските медиуми пренесуваат дека за време на посетата на Норвешка, Валас изјави дека испораката на повеќенаменски ракетни системи (MLRS), што Велика Британија и ги вети на Украина, ќе биде неизбежна и дека Лондон размислува да испрати повеќе оружје.

-Обуката на украинскиот воен персонал станува исто толку важна како и испраќањето оружје, а треба да се направи повеќе во однос на обуката, рече Валас.

Тој посочи дека украинските сили на истокот од земјата се на тој фронт веќе 90 дена и дека се исцрпени.

-Важно е да и помогнеме на Украина во нејзината способност да ги замени луѓето на линијата на фронтот, изјави британскиот министер за одбрана.

Тој најави дека следната недела ќе оди во Турција за да разговара за Исламска држава и Сирија, за барањата на Шведска и Финска за членство во НАТО, на што Анкара се противи, како и за извозот на житарки од Украина.

Во однос на барањето на Шведска и Финска за влез во НАТО, Валас оцени дека е важно да се слушне загриженоста на Турција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Валас: Велика Британија има повеќе авиони Ф-35, отколку пилоти

А1он

Руски авион испукал ракета во близина на британски воен авион над Црното Море

А1он

Валас: Малку е веројатно дека Путин ќе успее да ја окупира Украина

Валас: Велика Британија испраќа помал број оклопни возила во Украина

А1он