ЕК: Вотката од Путин за Берлускони ги прекршува европските санкции

Од:

Дваесетте шишиња вотка што рускиот претседател Владимир Путин му ги испрати на италијанскиот политичар Силвио Берлускони, ги прекршуваат европските санкции воведени поради руската инвазија на Украина, соопшти денеска Европската комисија.

Поранешниот премиер Берлускони, чија партија „Форца Италија“ ќе биде дел од новата коалициска влада, се најде во центарот на вниманието неделава, кога истакна дека е повторно во контакт со Путин.

– За роденден ми испрати 20 шишиња вотка и многу убаво писмо, појаснува Берлускони, кој минатиот месец наполни 86 години, на аудио снимка објавена во јавноста.

Европските санкции воведени во април вклучуваат забрана за увоз на руски алкохол, а тука спаѓа и вотката, наведе Комисијата, додавајќи оти нема исклучоци за подароци.

Засега не е познато дали италијанските власти ќе преземат нешто за тоа прашање.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети