Едноставни начини за детоксификација на телото

Од:

Доколку ги следите овие совети, би можело да се случи без некој особен труд да се чувствувате подобро и поздраво од секогаш.

Намалете го внесот на шеќери

Сезонската детоксификација е ефикасен начин да се чувствувате подобро и вашето тело да стане многу поздраво.

Почнете така што ќе ја намалите количината на шеќери која ја внесувате. Овој совет вклучува и одрекување од медот и вештачките засладувачи.

„Доколку внесувате многу шеќер во вашето тело барате повеќе инсулин, што го исцрпува панкреасот и прави целото тело да ви биде уморно. На подолги патеки прекумерното внесување на шеќер може да доведе до дијабетес, рак, хроничен умор и секако неконтролирано дебелеење“ – вели Мет Дауер, директор на еден од најпопуларните њујоршки центри за здравје.

Почнете со вода

Дауер исто така сугерира секое утро да пиете голема лимонада од половина лимон помешан со вода, без шеќер. Тој смета дека лимонот е непроценлив за рехидратација на системот, како и за подобрување на работата на дигестивниот систем, што го забрзува метаболизмот.

Активирајте се

Редовното вежбање поттикнува подобра циркулација и работа на лимфните жлезни, а благотворно е и за подобрување на варењето, намалување на тензијата, подмачкување на зглобовите, како и за затегнување на телото.

„Ова се докажани факти. Луѓето кои редовно вежбаат секогаш имаат помал број на токсини во телото од другите“ – вели Мет Дауер.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска