Вашингтон е против по повикот на Путин за Турција да стане гасен центар на Европа

Од:

Американскиот Стејт департмент е против создавање гасен центар, најавен од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе биде изграден во соработка со Русија.

Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател изјави дека САД ги охрабруваат своите сојузници да преземат чекори за диверзификација на нивните извори на енергија и намалување на енергетската зависност од Русија.

– Конкретно во случајот со Турција, ние тесно соработуваме со неа за да ги поддржиме нашите сопствени напори за зајакнување на долгорочната енергетска безбедност, истакна Пател.

Тој се осврна и на санкциите против Русија.

– Им објаснивме на Турција и на сите наши сојузници и партнери оти никој не треба да стане безбедно засолниште за нелегални руски средства и трансакции, подвлече Пател.

Заменичката на министерката за финансии на САД, Елизабет Розенберг оваа недела беше во тридневна посета на Турција. Според соопштеното, нејзините средби „ја потврдиле важноста на блиската соработка меѓу САД и Турција во справување со опасностите предизвикани од заобиколувањето на санкциите и други незаконски економски дејствија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски