Претседателот Матарела утре и задутре ќе има консултации за формирање на новата италијанска Влада

Од:

Кабинетот на италчијанскиот претседател, Серѓо Матарела денеска соопшти дека утре и задутре ќе се спроведат консултации за формирање на нова италијанска Влада.

На парламентарните избори во Италија, што се одржаа минатиот месец, победи десничарскиот блок, предводен од Ѓорѓа Мелони, лидерката на „Браќата на Италија“, во која уште се и „Форца Италија“ на поранешниот премиер Силвио Берлускони и „Лига“ на поранешниот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, јавија британските медиуми.

Пред да побара од Ѓорѓе Мелони да формира нова влада, Матарела во претседателската палата мора прво да се консултира со лидерите на политичките партии, што е дел од уставниот процес што треба да доведе до нејзино преземање на функцијата до средината на следната недела.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски