Раст на индустриско производство во јули за 3,9 отсто

Од:

Индустриското производство во јули годинава бележи пораст од 3,9 отсто во однос на јули минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен бележи пораст од 3,3 проценти, во секторот Преработувачка индустрија 7,3 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 15,5 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,6 отсто, Капитални производи за 16,6 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 16,7 отсто.

Индустриското производство во периодот јануари – јули 2013 година, во однос на овој период лани бележи пораст од периодот јануари од 2,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата