Европратеничката Ирена Јовева повика да престанат лажните ветувања за земјите од Западен Балкан

Од:

Европратеничката Ирена Јовева, претставник на Република Словенија во Европскиот парламент (Движење Свобода-Ренесанса), на денешната седница на Европскиот парламент во Стразбур на тема „Односите ЕУ-Западен Балкан во светло на новата пакет за проширување“, повика да престанат лажните ветувања за земјите од Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Цитирајќи го колективот Дубиоза дека празните ветувања се најдобрата реклама, таа ги повика земјите-членки на ЕУ и колегите претставници да престанат да даваат лажни и неисполнети ветувања и да се држат до она што им го ветиле на земјите кандидати.

Дополнително, според Јовева неопходно е да се биде подеднакво строг дома, во Европската Унија, кон земјите-членки кои се оддалечија од владеењето на правото, слободата на медиумите, човековите права и демократските вредности.

„Драги пријатели, вие припаѓате овде заедно исто колку и сите ние“, заклучи Јовева.

На дебатата учествуваа еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и претставници на политички групи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ