Одложена заедничка седница на француската и германската влада

Од:

Разликите во позициите меѓу Париз и Берлин предизвикаа одложување за јануари на заедничката седница на француската и германската влада, што требаше да се одржи на 26 октомври во Фонтенбло.

По пишувањето на медиумите, германската Влада денеска и официјално го потврди одложувањето на седницата.

– Има цела низа прашања … во кои сè уште не сме постигнале заеднички став, објасни портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт на новинарско прашање за можни несогласувања меѓу Берлин и Париз.

Тој не откри детали за тековните преговори, велејќи дека има и „логистички тешкотии“ за некои министри „кои нема да можат да присуствуваат на состанокот поради други обврски“.

Сепак, според некои извори, меѓу Париз и Берлин се акумулирале несогласувања поради војната во Украина.

– Отсекогаш имало периоди на несогласување, но сега е посериозно, изјави Жак-Пјер Гугеон, експерт за Германија од Институтот Ирис во Париз.

Како камен на сопнување се споменуваат енергетската криза, воената соработка и заедничките проекти за оружје.

Хебестрајт сепак нагласи дека германскиот канцелар е „во многу близок контакт со претседателот Макрон“, потсетувајќи дека двајцата лидери ќе разговараат утре пред самитот во Брисел.

Тој рече и дека се размислува за средба во меѓу канцеларот Олаф Шолц и Емануел Макрон, но без министри.

Заедничката седница на француската и германската влада се одржува еднаш или двапати годишно, наизменично во Франција и Германија.

Париз не е задоволен од новиот план на Германија да им помогне на економијата и домаќинствата поради инфлацијата вреден 200 милијарди евра, додека германските Зелени, кои се дел од владата на Шолц, ги критикуваат недостатоците на француската нуклеарна програма, што ги загрозува испораките на двете земји.

Покрај тоа, Берлин се залага за обновување на проектот за изградба на гасоводот меѓу Шпанија и Германија, на што Франција се противи, а тензиите се зголемуваат и на полето на одбраната.

Берлин турка проект за противракетен штит со израелска компонента, на кој сакаат да се приклучат 14 европски земји, вклучително и Британија, балтичките земји, Холандија и Финска, додека Париз е останува настрана и се залага за сопствен проект.

– Се добива впечаток дека Германија е осамен јавач додека постои француско-италијанско решение, рече извор запознаен со ситуацијата, кој смета дека е „срамота што Германците го купуваат израелското решение“, кое се оддалечува од принципот на „стратешка автономија“.

Идниот европски борбен авион е исто така голем камен на сопнување и постои ризик британскиот проект Tempest да заживее побрзо.

Има и лична димензија на проблемот. Лидерите на двете земји, според Гугеон, „имаат многу различни темпераменти, различни политички пристапи. Шолц помалку комуницира со јавноста и мора да ги земе предвид своите партнери“ во трипартитна коалиција која е тешко да се води.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус