Бугарското Народно собрание ја прекина денешната свечена седница по двата неуспешни обиди за избор на претседател на парламентот, јави дописникот на МИА од Софија.
Пратениците утре ќе направат нов обид за избор на спикер на 48. Народно собрание на Бугарија за излез од политичката ситуација.
Предлогот за прекин на седницата дојде од претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС Десислава Атанасова.
Претседателот на „Бугарски подем“ и поранешен технички премиер, Стефан Јанев, повика на одржување претседателски совет за избор на претседател на 48. Народно собрание. Тој предложи да се направи обид да се истакне единствена кандидатура за која ќе се дебатира и гласа на состанокот в четврток.
Извор: МИА