Маск тврди дека не добил пари од Пентагон за да обезбеди интернет во Украина

Од:

Спејс екс губи приближно 20 милиони долари месечно за одржување на сателитски услуги во Украина, но Маск најави дека ќе продолжи да финансира и покрај тоа, пренесува Ројтерс.

„Нема пари од Министерството за одбрана, но неколку други земји, организации и поединци финансираат од 11.000 до 25.000 терминали“, напиша Маск во вчерашната објава на Твитер.

Маск, најбогатиот човек на светот и извршен директор на Тесла, рече дека компанијата потрошила и  околу 80 милиони долари за овозможување и поддршка.

Американскиот весник Политико во понеделникот објави дека Пентагон ќе го преземе финансирањето на Старлинк во Украина, цитирајќи двајца неименувани американски функционери.

Старлинк е мрежа од микросателити дизајнирани да обезбедат пристап до Интернет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Илон Маск му изрази поддршка на Ѓоковиќ кој одби интервју по победата

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски