Берлускони: Путин ме опиша како прв од неговите пет вистински пријатели, ми подари 20 шишиња вотка

Од:

Нема забрана за контакти меѓу европските политичари и руските колеги, но во овие контакти првенствено треба да се испраќаат пораки за нелегитимна инвазија на Украина, одговори денеска Комисијата на прашање за размена на писма и подароци меѓу Силвио Берлускони и Владимир Путин.

„Нема забрана за контакти со руски колеги, но приоритет во овие контакти треба да биде да се пренесе ставот на ЕУ за нелегитимната инвазија и агресија врз Украина и да се повикаат руските колеги веднаш да го прекинат тоа и да го почитуваат меѓународното право“, соопшти портпаролката на Комисијата Набила Масрали.

Италијанскиот политички ветеран, поранешен премиер и лидер на партијата Форца Италија, Силвио Берлускони предизвика нов скандал откако во јавноста протекоа неговите зборови од затворената средба со претставниците на неговата партија.

На таа средба, како што пренесува италијанскиот портал LaPresse, Берлускони рекол дека повторно воспоставил контакти со рускиот претседател Владимир Путин.

„За роденден ми испрати 20 шишиња вотка и многу слатко писмо. Го вратив со шишиња ламбруско (италијанско црвено пенливо вино) и исто толку слатко писмо. Путин ме опиша како прв од неговите пет вистински пријатели“, рече Берлускони, според аудио снимката објавена од LaPresse.

Портпаролката Масрали вели дека земјите-членки на ЕУ се „слободни да водат билатерални контакти како што им одговара, се разбира почитувајќи ги позициите и политиките на ЕУ во кои таквите односи ги сведуваме на неопходен минимум“.

„Не смее да се дозволи на Берлускони, принцот кловн на италијанската политика, да го поткопа единството на ЕУ против Путин!“, изјави во средата еден од најпознатите либерални претставници во Европскиот парламент, поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштад.

Пратеничкиот клуб на Верхофштад, Renew Europe, го осуди Берлускони за одржување блиски контакти со Путин.

Тие ја повикаа пратеничката група на Европската народна партија, чиј член е Форца Италија, и претседателот на ЕПП, Манфред Вебер, да престанат да го поддржуваат Берлускони.

„ЕПП вели дека Путин е закана за Западот и дека мора да биде поразен. Време е да ја прекинеме кампањата за неговите пријатели во ЕУ“, објави „Ренју Европа“ на Твитер.

Би можело да ве интересира

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети

Путин: НАТО влегува во војна со Русија

Горан Наумовски