Лекари, медицински сестри, болничари, возачите на брзата помош и болничарите од центрите за итна медицинска помош во Бугарија денеска протестираат поради ниски плати.
Напладне тие го блокираа сообраќајот пред Парламентот, а подоцна улици во Софија. Непосредно пред тоа демонстрантите застанаа и пред Народното собрание.
„Протестираме со барање за пристојна плата, за добри услови за работа, за категоризација на работата на медицинските лица, со инсистирање категоријата да се изедначи со онаа на оние кои работат во противпожарната служба, изјави Красимир Митов, лидерот на синдикатот „ Заштита“, јави БТА.
Демонстрантите се од Варна, Добрич, Видин, Благоевград, Пазарџик, Пловдив и други градови во Бугарија.
Извор: МИА