Фон дер Лајен: Руските напади врз украинската инфраструктура се воени злосторства

Од:

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен ги нарече руските напади врз цивилната инфраструктура во Украина „воени злосторства“.

– Вчера повторно ги видовме напади на Русија насочени против цивилната инфраструктура и ова означува ново поглавје во веќе многу сурова војна, истакна Фор дер Лајен во Стразбур, во денешното обраќањето пред Европскиот Парламент.

– Тоа се воени злосторства, категорично изјави шефицата на Еврокомисијата.

– Насочени напади врз цивилна инфраструктура со јасна цел да се исклучат мажите, жените, децата од вода, струја и греење со доаѓањето на зимата, тоа се акти на чист терор, истакна фон дер Лајен.

Претседателката на Комисијата, исто така, ја повтори поддршката на Европската Унија за Украина „колку што е потребно“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен во Скопје

Во четврток во Скопје посебен режим на сообраќај

Фон дер Лајен пристигна во Киев: Денеска е Денот на Европа

Ана Ололовска

Лајен: На Украина и се уплатени првите три милијарди помош од планираните 18 милијарди евра

А1он

Фон дер Лајен: Европската безбедност е под закана

А1он

Фон дер Лајен: Влезот во Шенген и еврозоната е пресвртница на европскиот пат на Хрватска

А1он