Претседателката на владеачката Конгресна партија на Индија, Соња Ганди, денес ја напушти болницата, во која што беше хоспитализирана.
Шеесет и седумгодишната Ганди, вчера беше задржана на болничко лекување, каде што и беа извршени низа лекарски прегледи и по пет часа е пуштена дома, изјави министерот за здравје, Гулам Наби Азад.
Претседателката на Конгресната партија, претходните два дена имала покачена телесна температура, но сепак одлучила да учествува на седницата во собранието, каде што и се слошило во текот на расправата.
Елена Георгиевска