Рускиот претседател Владимир Путин го информирал турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган за обидот за пренасочување на гасоводот Турски тек.
Анкара и Москва се во контакт за безбедносни прашања, изјави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.
“Известени сме за ситуацијата. Според нив, пренасочувањето е извршено на делот лоциран на руска страна. Има уапсени. Руската страна ја префрла целата одговорност на украинската страна. Ги зголемија безбедносните мерки. Ние се во контакт по ова прашање“, рече Калин во интервју за телевизијата „Хабер“.
Турција и Русија се во контакт во врска со гасот и нема проблеми со испораката и плаќањето, додаде Калин.