Северна Кореја во петокот истрела балистичка ракета со краток дострел кон Јапонското Море и околу 170 артилериски гранати во поморските тампон зони, прецизира денеска јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирајќи ги Здружените началници на Генералштабовите во Сеул (ЈЦС).
Се наведува дека Северна Кореја подоцна истрелала уште 200 гранати во правец на Јапонското Море и околу 80 во Жолтото Море на запад.
– Ваквите континуирани провокации од Северна Кореја се чинови кои ги поткопуваат мирот и стабилноста не само на Корејскиот полуостров, туку и во меѓународната заедница, се вели во изјавата на ЈЦС.
– Во врска со ова, сериозно го предупредуваме (Северот) и силно го повикуваме веднаш да ги спречи, се додава во документот.
Извор: МИА