Киев призна: Русите „нè решија“

Од:

Вооружените сили на Украина не успеаја да ги постигнат своите цели и да окупираат населени места во повеќе правци, соопштија утрово од Киев.

Конкретно, украинската армија не успеа да ги постигне своите цели во областите Херсон и Сватов, изјави советникот на началникот на Генералштабот на украинскиот претседател Алексеј Арестович.

„Украина малку се опушти. Мислевме дека сега ќе го окупираме Херсон, дека ќе го окупираме Сватов, ќе окупираме сè, но работите се малку поинакви сега со окупацијата, не е се така едноставно“, рече Арестович.

Според Арестович, борбените операции во Украина преминуваат во следната фаза, која „нема да биде воопшто лесна“ за Киев, а руската страна „најде начини и методи за борба“ кои сега претставуваат „значаен проблем“ за Украина.

„Тие го пронајдоа клучот за нашата противвоздушна одбрана, а тоа е да не принудат да ги испукаме сите проектили што ги имаме на залиха против беспилотните летала, кои се околу 2.400. Тие можат да не мачат така два или три месеци“, кажа Арестович.

Претходно украинските медиуми јавија дека утринава е најавена воздушна опасност на територијата на целата земја. Арестович исто така не исклучи дека во Украина ќе биде потребна дополнителна мобилизација.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ