Двајца починати, 80 нови случаи на Ковид-19

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена, од 14 до 16 октомври, направени се 953 тестови, а регистрирани се 80 нови случаи на Ковид-19.

Во Скопје се регистрирани 60 нови случаи, во Прилеп – 8, во Куманово – 5, во Битола, во Тетово и Охрид – по 2, во Македонски Брод – 1.

Од вкупниот број на позитивни 80, регистрирани се 18 реинфекции.

Во текот на изминатите 3 дена пријавени се двајца починати, еден од Скопје на 80-годишна возраст и еден од Гостивар на 70 години. Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Регистрирани сe 118 оздравени пациенти од: Скопје – 87, Битола – 5, Куманово, Велес и Охрид – по 4, Прилеп – 3, Тетово и Кавадарци – по 2, Штип, Гевгелија, Неготино, Ресен, Берово, Кратово и Крушево – по 1

Направени се 953 тестови преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-110, ЦЈЗ Битола-19, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–40, Жан Митрев (Филип Втори)-4, Авицена-15, Биотек-40, Систина-7, лабораторија Лаор-7, Синлаб-5, Ремедика-11, Плодност-6, Генеа-4, Никоб Лаб-33, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-7, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-11, ГМ Лаб – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 482.

Досега во земјата се направени вкупно 2.177.159 тестирање на Ковид-19.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје      161980, Активни   207
Куманово    18243, Активни    13
Битола      17965, Активни    16
Прилеп      15527, Активни    23
Тетово      14476, Активни    4
Кавадарци   12088, Активни    1
Велес 10809, Активни    4
Охрид 10319, Активни    7
Гостивар    10275, Активни    0
Струмица    8781, Активни     0
Штип  8762, Активни     4
Кичево      6075, Активни     1
Кочани      5544, Активни     0
Струга      5172, Активни     1
Гевгелија   4882, Активни     0
Неготино    4147, Активни     1
Ресен 3031, Активни     1
Радовиш     2836, Активни     1
Свети Николе      2795, Активни     0
Крива Паланка     2660, Активни     0
Делчево     2183, Активни     0
Берово      1875, Активни     0
Дебар 1812, Активни     0
Валандово   1600, Активни     0
Виница      1478, Активни     0
Пробиштип   1299, Активни     0
Кратово     1131, Активни     1
Богданци    1101, Активни     0
Крушево     1038, Активни     0
Демир Хисар 929, Активни      0
Македонски Брод   801, Активни      3
Демир Капија      628, Активни      0
Македонска Каменица     534, Активни      0
Пехчево     519, Активни      0
Дојран      370, Активни      0

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.665, бројот на оздравени пациенти е 333.824, на починати е 9.553, а бројот на активни случаи изнесува 288.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски