(ВИДЕО) Ковачевски: Новите инвестиции и работни места се потврда на добрите економски политики и стабилната инвестициска клима која ја создаваме

Од:

„Потврда за добрите економски политики што ги водиме и стабилната инвестициска клима која ја создаваме во земјава, е проширувањето со нов производствен капацитет и новите вработувања во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1”, истакна премиерот Димитар Ковачевски на денешното отворање на втората фабрика на американската компанија „Кемет Електроникс“ каде присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски.

„Ми претставува чест што денеска сум тука во „Кемет Електроникс“ која заради поддршката и условите кои ги добива во земјата, по отворањето на првата фабрика, денес отвора втора. Во првата фабрика на „Кемет Електроникс” која во Северна Македонија произведува кондензатори за автомобилската индустрија и разни индустриски апликации, во моментов работат 400 наши граѓани. Според планот на компанијата, предвидено е да има 500, 600 и 700 вработени на среден рок. Во втората фабрика пак, се предвидени дополнителни 360 нови вработени”, рече премиерот Ковачевски.

Тој истакна дека покрај бројните предизвици, Владата работи во интерес на економското закрепнување на земјата, развој и подобар квалитет на живот за сите граѓани.

„Ние во текот на изминатиот период поминуваме навистина низ големи кризи, прво беше девастирачката ковид, корона која ги затвори пазарите, ги отежна каналите на снабдување и затоа како Влада помогнавме со 1,2 милијарди евра во справувањето со истата на најранливите категории на граѓани, на компаниите за задржување на работните места, за задржување на ликвидноста за да можат после тоа да продолжат со работа. Се потврди како успешно, бидејќи сите фабрики во државата, после корона-кризата продолжија со работа и со зголемено производство. Но, потоа дојде енергетската криза, војната во Украина. Повторно затворање на пазарите и уште полошо зголемување на цените на енергенсите, на суровините, зголемување на трошоците за живот. И тогаш и сега и на почетокот на годината и сега повторно имаме пакети за помош – антикризни пакети за најранливите категории на граѓани, за оние кои имаат најниски пензии, кои имаат ниски примања кои навистина не можат од ранливите категории на граѓани да остварат дополнителен приход. Тоа се самохрани родители, лица со попреченост, пензионери со најниски примања. Државата секогаш ќе биде тука за сите работници, секогаш ќе биде тука за сите пензионери, за сите граѓани во државата затоа што нашите граѓани тоа го заслужуваат”, подвлече премиерот Ковачевски и додаде дека отворањето на нови работни места, во услови на криза, која владее не само кај нас, не само во земјите во регионот и Европа туку во цел свет, е од голема важност за подобрување на стандардот на граѓаните и економскиот развој на земјата.

„Сите ја гледаме вредноста на отвореноста на нашите луѓе, сите ја гледаме вредноста на нашите добри пријателски односи и со САД и со ЕУ. Сите на крајот на денот ја гледаме вредноста на тешките одлуки кои што ги носи Владата на Северна Македонија. Само со такви тешки одлуки, со лидерство, со водство на својот народ може да се стигне до големата награда. А, големата награда е членство во Европската Унија. ЕУ е концепт на здружени држави, во кои има социјална правда, економски напредок и демократија. Тоа е тоа што нашите граѓани го заслужуваат и тоа е тоа за кое вреди да се бориме, да се носат добри одлуки, тешки одлуки затоа што на крајот на денот таа голема награда од членство во ЕУ, да се биде на иста голема маса со сите држави од ЕУ и да имаме посреќен и побогат народ на оваа генерација и на идните генерации”, заклучи премиерот Ковачевски.

Директорот на ТИР-зоните Јован Деспотовски истакна дека инвеститорите веруваат во потенцијалите и капацитетите на нашата држава и дека со новиот концепт на ТИРЗ кој се применува изминатата годинаипол, се постигнуваат резултати.

„Покажуваме дека знаеме како да донесеме нови инвеститори, но и да го искористиме потенцијалот на постоечките. Оваа втора фабрика на „Кемет Електроникс“ кој вложува дополнителни 23 милиони евра е токму таков пример и доказ за довербата на инвеститорите кои веруваат во потенцијалите и капацитетите на нашата држава. Членството во НАТО и стабилноста се клучни за инвеститорите кои сакаат предвидлива клима. Со новиот концепт на ТИРЗ за само 18 месеци постигнавме договори од 620 милиони евра кои носат над 4000 вработени. Само „Кемет Електроникс“ ќе го удвои бројот на вработени на над 800. Оваа компанија само годинава два пати ги зголеми платите на своите вработени. Целта која си ја поставивме не е само зголемен број на работните места туку и подобро платени. Остануваме посветени на оваа цел обезбедувајќи целосна поддршка за инвеститорите”, рече Деспотовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он