Јулија Мендел, поранешната портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави видео направено утрово во Киев.
На него, како што пишува, се гледа дека украински полицајци го гаѓаат дронот со пиштол.
„На видеото се гледа како украинската полиција пука во дрон со пиштол. Тоа е некако надреално. Утрото имаше пет напади од руски дронови (иранско производство). Енергетската инфраструктура на тие станбени куќи беше оштетена“, напиша таа.
A video shows how Ukrainian police is shooting the drone with a gun. It’s kind of surreal. There were 5 strikes with russian (Iranian production) drones in the morning. Energy infrastructure and a residential house are damaged pic.twitter.com/WBolfxPpS2
— Iuliia Mendel (@IuliiaMendel) October 17, 2022
На видеото се гледа полициски автомобил. Еден од полицајците има и пушка. На крајот од видеото, во далечината се гледа експлозија.