Две лица се затрупани под урнатините по нападот со камиказа беспилотно летало утринава врз Киев, објави градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко, додека новинарот на Ројтерс од Киев изјавил дека го видел натписот „Ова е за Белгород“ на дел од дронот.
Руските власти од Белгород ја обвинија Украина дека стои зад вчерашниот напад на воен полигон во регионот Белгород во Русија, кога беа убиени 11 регрути.
#UPDATE Russian ‘kamikaze drones’ attacked Kyiv early Monday, Ukraine’s presidency said, describing the assault as an act of desperation
Air raid sirens sounded in the city shortly before the first strike, followed by sirens across most of the countryhttps://t.co/LbD1hNeSxH pic.twitter.com/RYGZu2AUlK
— AFP News Agency (@AFP) October 17, 2022
Кличко претходно изјави дека како резултат на нападот со дрон врз Киев, се случила експлозија во станбена зграда во областа Шевченко.
„Во овој момент знаеме дека од зградата се извлечени 18 лица, а според прелиминарните податоци две лица останале под урнатините. Во тек се спасувачки операции, се отстрануваат уништените делови од зградата“, изјави Кличко на Телеграм, објави „Гардијан“.