Киев повторно е мета на руските напади, кои не престануваат од раните утрински часови. Засега е потврдено дека се случиле најмалку три ракетни напади кои практично го уништиле главниот град на Украина.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека од утринава се слушнале најмалку три експлозии во строгиот центар на градот.
„Како резултат на нападот со дрон, избувна пожар во нестанбена зграда во квартот Шевченко во Киев. Противпожарните единици се на терен. Оштетени се неколку станбени објекти. Лекарите се на лице место“, напиша Кличко.
Кличко на својот Твитер профил објави фотографија за која тврди дека се остатоци од еден од беспилотните летала камикази кои утрово го нападнаа Киев.
Apartament house in #Kyiv this morning was attacked by #RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/07lnABAY4n
— Olena (@Qwenezlaya) October 17, 2022
На интернет се појавија снимки на кои се гледа како проектили паѓаат врз главниот град на Украина.
Исто така, бидејќи експлозиите не престануваат веќе четири часа, на граѓаните на Киев им се препорачува да не ги напуштаат своите домови. Засега не се знае дали има жртви или повредени.
Името „камикази“ се однесува на фактот дека дроновите се за еднократна употреба. Тие се дизајнирани да напаѓаат зад непријателските линии и да се уништат во напад – за разлика од традиционалните, поголеми и побрзи воени беспилотни летала кои се враќаат во базата по фрлање проектили.