Операторот на нуклеарната централа Запорожје (ЗНПП) наведува дека повторно е исклучен од надворешното напојување како резултат на руското гранатирање.
„Руските терористи повторно гаѓаа трафостаници на критична инфраструктура на територијата под контрола на Украина, поради што во 3:59 часот беше исклучена последната комуникациска линија 750 kV ЗАНП – Днипровска. Во преодниот процес, поради краткотраен пад на напонот, исклучен е резервниот трансформатор за сопствени потреби на ЗНП и стартувани дизел генераторите“, наведуваат од Енергоатом и апелираат до меѓународната заедница што поскоро да преземе мерки за демилитаризација на електраната.