Во Софија денеска се извршени серија хакерски напади врз веб-страниците на бугарската Влада и министерствата за внатрешни работи и за одбрана. Како што јави дописникот на МИА од Софија, одговорноста за нападот ја презеде руската група „We are killnet“.
Нападот првично почнал со напад кон сајтот на претседателството, а владините се отвораа, иако побавно од вообичаено. Тие имаат заштита од ваков тип на напади. Заштитата беше воведена во 2015 година откако руски хакери ги погодија веб-страниците на ЦИК, Министерството за внатрешни работи и други институции за време на локалните избори.
Бугарскиот Главен обвинител, Иван Гешев, соопшти дека нападите врз бугарските институции дошле од рускиот град Магнитогорск.
-Цел на нападот не е претседателството, туку бугарската држава, коментираше главниот обвинител Иван Гешев.
Тој оцени дека проблемот е сериозен и очекуван.
Извор: МИА