За време на самитот Централна Азија-Русија во казахстанска Астана, таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон му рекол на Владимир Путин дека Русија треба да престане да се однесува кон земјите од Централна Азија како да се сè уште дел од Советскиот Сојуз.
Не сме 100 или 200 милиони. Но, ние сакаме да бидеме почитувани. Секогаш сме ги почитувале интересите на нашиот главен стратешки партнер Русија“, му рекол претседателот на Таџикистан на Путин.
„Сакаме да бидеме почитувани. Владимир Владимирович, ве молам, не водете политика каде што земјите од Централна Азија се третираат како да се дел од СССР“, рече Рахмон за време на самитот Централна Азија и Русија во Астана, Казахстан.
„Отсекогаш најмногу го почитувавме нашиот најголем стратешки партнер (Русија). Но, сакаме и почит! Па кои сме ние?! Абориџини? Ајде…“, рече тој.