Грција е подготвена веднаш да испрати помош за Турција за да помогне во потрагата по преживеани, напиша на Твитер грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по несреќата во рудникот во турската провинција Бартин во која загинаа најмалку 28 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис изрази жалење за „ужасната експлозија и загубата на животи“ и ѝ понуди помош на Турција.
Извор: МИА