Денеска на онколошкиот оддел при Универзитетската клиника за детски болести беа донирани детски тоалетни колички за капење. Донацијата ја додели Зегин Ортопедик како дел од Зегин групацијата.
Со оваа донација ќе се олеснат условите за престој на најмалите пациенти на овој оддел. Донацијата ја прими Директорката на детската клиника- Аспазија Софијанова, која се заблагодари за хуманиот потег на Зегин Ортопедик во името на целиот тим од онколошкиот оддел предводен од проф. д-р Светлана Кочева.
Хуманата мисија и понатаму продолжува да биде еден од приоритетите на компанијата Зегин која ги поддржува и своите вработени, секогаш кога е потребно. Конкретно, оваа донација беше иницирана од родител, дел од семејството на Зегин, чие дете престојуваше на овој оддел.
ПР Текст